Search

Мицкоски за Заев: Видовме уплашен човек соочен со своите неуспеси, бараме избори за обнова на Македонија

Интегрален текст и линк од видео материјал од изјава за медиуми која се одржа денес (19.10.2019), при што се обрати Христијан Мицкоски, претседтел на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање: Господине Мицкоски еве накратко за медиумите, кажавте пред малку горе доле истото, ете вашата реакција на денешниот прес на Зоран Заев дека бара итни предвремени избори?

Одговор: Видовме човек кој што е уплашен, кој што е свесен за сите грешки кои што ги направи. Гледаме човек кој што му трепери гласот затоа што е несигурен и се обидува грчевито да го ублажи поразот кој што е неминовноста на следните предвремени парламентарни избори. Тоа што го зборував во минатото тоа го потврди Зоран Заев дека е потребен нов почеток, дека е потребен нов почеток за да може да успее Македонија, да дојде обновата на Македонија. За да од Македонија ние направиме навистина модерна и европска држава која што ќе се темели на принципи и вредности, закони и почитувања на Уставот. Силна економија, тигар на Балканот, имаме план, имаме визија, имаме стратегија, знаеме како тоа да го постигнеме. Јас сум убеден дека ќе ги убедиме нашите сограѓани и масовно да излезат и да ја дадат поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кои што ќе ги презентираме на претстојните предвремени парламентарни избори. Малку чудно беше кога го слушав денес Зоран Заев кој што велеше да се европеизираме ние за да можеме да ја европеизираме Македонија. Тоа се оние зборови кои што јас ги говорам уште од минатиот октомври, минатата година, кога велевме дека е потребно ние да се европеизираме. Но никако не можам да прифатам дека европеизацијата започнува со злоупотреба на европското знаменце на предлог законот за опојни дроги кои што во истиот ден кога отиде Зоран Заев во Брисел да ги убедува нашите стратешки партнери дека заслужуваме дата, го поднесе на шверцерски начин во Собранието,а се со една цел да му овозможи нему, и на семејството негово и на луѓето блиски до неговото семејство да остварат дополнителен профит. Кој што морам да признаам според некои луѓе кои што ги консултирав се мери во десетици милиони евра. Ете ние за такви европски вредности зборуваме, како да го озакониме продавањето на марихуана од Македонија. Наместо земја технолошки тигар, земја извозник на вредности, земја каде што луѓето ќе можат да истражуваат во развојно истражувачките центри, ние ќе бидеме земја каде што најголемиот земјоделски и најдоходовно земјоделски производ ќе биде марихуаната која што најчесто ќе биде по потекло од оранжериите и садниците во сопственост на семејството Заеви или блиските до семејството Заеви. Ете тоа се европските вредности по принципот на Зоран Заев. Ние одбиваме и ќе се спротивставиме силно на ваков тип на вредности, ние сакаме вистински европски вредности кои што ви кажав како ги детерминираме и кои што ќе бидат содржани во нашата предизборна програма.

 

 

Прашање: Што очекувате од лидерската средба, зошто тој рече брзи предвремени избори?

Одговор: Јас повторно ќе кажам и ќе го повторам она што го кажав на почетокот од денешниот настан. Очекувам и да се премисли до утре бидејќи станува збор и за Зоран Заев, знаете кај него и работите се менуваат на часови во основа. Но ајде да претпоставиме дека овој пат ќе биде конзистентен и очекувам да го слушнам предлогот, да видам што подразбира под тоа брзи предвремени парламентарни избори. Па дури потоа би можел да дадам одговор на ваквото прашање. Законот е јасен, се знае што значи парламентарни избори, што значат закони во парламентарни избори итн. Треба тоа едноставно да се испочитува и веднаш да ги распишеме и да формираме техничка влада, технички премиер и да одиме на предвремени парламентарни избори.

Прашање: Ќе предложите веднаш да се распишат изборите, така?

Одговор: Ние тоа веќе го предлагаме месеци наназад. Јас и вчера зборев, избори не како избори за пуста власт, туку избори за да направиме нешто што ќе ја определи иднината и развојот на оваа држава.  Онака како што треба да се развива. И затоа е потребен политички консензус. Претпоставувам дека тоа ќе го разговараме утре. Еве самиот тоа го најави доколку не се премислил. Па ќе видиме, ќе разговараме.

Прашање: Очекувате дека договор ќе се постигне?

Одговор: Очекувам.

Прашање: Може избори без техничка влада? Би прифатиле?

Одговор: Видете сега тоа е како да ми кажете дали би прифатиле да ја обиете продавницата наспроти, да ја украдете од таму робата и да не одговарате пред законот. Има закони треба законите да се почитуваат. Така, сега. Ние дојдовме до ова дереџе затоа што не ги почитуваме законите, затоа што се играме со законите криенка, миженка. Заради тоа на нас ни се случуваат вакви работи. Си има закон, јасно во законот е детерминирано што значи тоа, е сега ако вие ме прашувате дали доколку бидете лопов го кршите законот, јас ќе кажам не го кршам законот. Само треба да се почитуваат законите. Ништо повеќе, ништо помалку.

Прашање: Неизбежни се изборите, рековте дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Ако дојде на власт?

Одговор: Не јас не го употребувам тој збор дека ќе дојде на власт, ќе ја формира следната влада. Власт земаат и даваат оние кои што се борат за таа пуста власт по секоја цена. Јас велам ќе ја формираме следната влада.

 

 

 

 

 

 

Прашање: Со Преспанскиот договор не успеавме да добиеме датум , што понатака со политиката на ВМРО-ДПМНЕ?

Одговор: Зошто мислите вие дека Преспанскиот договор беше услов за добивање на датум?

Прашање: Затоа што претходната влада тоа го зборуваше.

Одговор:Не, тоа не го зборуваше претходната влада, претходната влада велеше дека тоа што претставува една од пречките е и договор со нашиот јужен сосед. Но видовте дека не било тоа доволно. Да тоа ен било доволно.

Прашање: Што со Преспанскиот договор од ваша страна?

Одговор: Ние по тоа прашање сме дале одговор до сега безброј пати, нити имаме што да додадеме, нити што да одземеме на тој договор. Сум одговорил најмалку 50 пати до сега.  Кои се условите за да Преспанскиот договор се повлече чекор наназад, кои се условите Преспанскиот договор да биде ваков каков што е. Затоа ВМРО-ДПМНЕ не е виновно. ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во предавството и трајната штета што на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија ги донесе Зоран Заев и Владата на СДСМ. Но за да ја исправиме оваа грешка одговорот е математички односно број на пратеници во Собранието и услов Бадинтер. Јасно е што значи тоа, сме го кажале и тоа безброј пати до сега и истото го повторуваме и сега.

Треба да знаете
Последни објави