Search

Мицкоски: Заев како воајер поминуваше часови слушајќи разговори на луѓе!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција упати силни критики кон премиерот Зоран Заев, нарекувајќи го воајер, поради „бомбите“ кои беа пуштени во јавноста во 2015 година.

-Во Македонија правдата ќе ја победи неправдата. Мислам дека нема простор за никаква сомнеж и не сум имал средба со Али Ахмети. Знам дека во оваа држава имаше еден воајер, кој поминуваше часови во слушање на тие гласови во 2014-2015 година, кога ги објавуваше тие бомби. Го предупредувавме тогаш, а за жал денеска македонската јавност е сведок на овие случувања. Одговорноста е единствено кај овој воајер. Што се однесува до Законот за јавно обвинителство, нашите принципи се преточени во предлог-амандмани. Да одиме во Собрание и да го излагасаме Законот за јавно обвинителство“, истакна Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави