Search

Мицкоски до Тимоние: Владата без конкретни мерки и проекти и во новиот мандат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со Игор Николов, остварија средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние. На средбата разговараа за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

„Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од КОВИД 19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот. Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. Имено тој укажа на фактот дека власта дели тендери на лица блиски до нив и за тоа никој не одговара, додека народот од ден во ден се повеќе се осиромашува“, соопшти партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја усмерат Република Македонија на вистинскиот пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија“, истакна Мицкоски.

Тој му се заблагодари на францускиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ искажува благодарност за залагањето на Тимоние, неговото вистинско пријателство кон македонската држава и за сета помош која ја доби државата од неговото делување.

Треба да знаете
Последни објави