Search

Мицкоски до Софија: ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува едностран договор потпишан со Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон” на ТВ Алсат М говорејќи за проблемот со Бугарија и дали тој смета дека во декември може да се постигне договор и Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Евроспката унија, упати порака до Радев и Бугарската влада дека едностран договор потпишан од политички бегалец како Зоран Заев новата влада нема намера да го почитува.

„Мојата порака и до Радев и до Бугарската влада е дека овој едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, нема намера да го почитува. Затоа што ниту учествува ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме.Нема да најдеме ние решение за нешто што се случило пред два три века, јас сум подготвен да анјдеме решение кое што ќе не оденесе два три века напред. Да зоруваме за изградба на коридори, железница, да зборуваме за автопатишта, економска соработка, туризам, образовна соработка. Јас веднаш сум подготвен за тоа да зборуваме како да одиме напред, а не да се враќаме назад, објасни Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави