Search

Мицкоски до Заев: Не ги слушај тие што те тапшаат, те лажат!

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на денешниот протест пред Владата му порача на премиерот Зоран Заев да престане да ги слуша тие што постојано го тапшаат бидејќи го лажат и побара подршка од народот да му каже „НЕ“ на Зев да не го прави тоа што го наумил.

ВМРО-ДПМНЕ вечерв по трети пат го одржа протестниот марш кој почна од пред седиштето на партијата и заврши со говор пред Владата. Со стандардна сценографија, исполнување на химната на Македонија и на ВМРО неколку илјади граѓани се упатија н Илинденска, притоа извикувајќи „Оставка“ и „Македонија“.

Лидерот на опозицијата пред присутните посочи дека денес црнилата во Македонија се во кулминација, а ова е нивниот пат кон уривање на оваа, како што рече, хунта наречена СДСМ.Тој нагласи дека стотици граѓани ширум Македонија, без оглед дали се пред Владата или ширум плоштадите, знае дека ја даваат поддршката и дека се многу.

-Ќе не има уште повеќе се додека не им го видиме тилот како заминуваат од таму. Ја посипаа земјата со црнила, а народот го оковаа со омраза со љубомора, завист. Тоа е она на кое тие се подготвени, наместо да владеат со проекти и реформи, владеат со страв и притисоци. Не смееме тоа да им го дозволиме. Национално не омаловажија. Ни го уништија достоинството, го убија Македонецот во Македонецот, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се осврна на лекарите на кои Заев им ветувал 100.000 денари просечна плата.

-Од тоа не добија ништо. Им ветува линеарно покачување на платите и добија симболично покчување од 5 отсто и веднаш овој човек кој се нарекува градски татко потрча и тие пет проценти да им ги скрати, па им го зголеми паркингот во клиничкиот круг за да си ги вратат парите што им ги дадоа. Олку не лажел ни Минхаузен. Им ветуваа на матичните лекари и на стоматолозите двојно зголемена капитација, ништо не добија. Напротив, и тоа што го имаа на времето, и тоа им го земаа, рече Мицкоски.

Мицкоски се осврна на денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека од јуни ќе ни тргнело и дека Европа е таа што ќе нè научела како.

-Не, бре! Ние треба да се европеизираме, за да ни подаде рака Европа. Со криминалци во владата, со криминалци во јавните претпријатија кои вие ги поставите, нема Европа. Европа бара честити политичари, искрени и вредни луѓе, луѓе што работат, а не луе кои на својата нација ѝ викаат дека е искомплексирана. Нема така во Европа. Во Европа мора да сме честити и чесни, сетоа она што не сте вие, СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Заев не ја однел Македонија во Европа, туку ја донел Африка посочувајчи дека во однос на корупцијата, според Транспаренси Интернешнл, и држави во Африка се пред Македонија.

Игор Шегавиќ

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави