Search

Мицкоски до Заев: Дали испративте нота до Атина поради тоа што не го почитуваат Преспанскиот договор?

Иницирав јас од партиска говорница да го ратификуваме Договорот за влез во НАТО предвреме и тоа така се случи, се изгласа пред распуштање на Собранието. А, реалноста која мора да ја живееме е резултат на капитулантскиот договор со Грција на Заев, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот на телевизија Канал 5 со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев.

Мицкоски посочи дека никаде во Договорот не стои како треба да ја именуваме Македонија.

Тоа е таа реалност. Каде во Договорот стои како да ја нарекуваме Македонија? Нема нова табла во министерството за труд и социјала каде беше министер Рашела Мизрахи, како и во министерството за образование, посочи Мицкоски.

Каде во Договорот од Преспа стои дека ние треба да ја нарекуваме земјава со новото име? Тоа што го направија со разрешување на Мизрахи беше груба провокација кон ВМРО-ДПМНЕ. Мизрахи достоинствено се однесуваше за време на разрешувањето кое беше брутално. Господинот Никола Димитров рече дека земјава добила вербална нота од Грција. Дали и вие испративте нота до Атина поради тоа што нашиот јужен сосед не го почитува Преспанскиот договор? – рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски појасни што е предвидено во Договорот.

Употребата на името ќе започне при отворање на секое поглавје во релевантното поле. Тоа е предвидено, не знам зошто брзате со промена и си со менување на имињата, рече Мицкоски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави