Search

Мицкоски: Додека Заев си се забавува со дигитален конгрес 22 лица починаа поради Корона

Додека Заев си се забавува со некаков дигитален конгрес, и во исто време кога започна да се колне во црвената боја за која денес соопшти дека била на Европската Унија, откри дека е спремен за нови декларации со источниот сосед, зошто нели “рибата мириса од опашката”, покрај овие несериозности, единствено сериозна е националната катастрофа со Ковидот, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Не само што Заев и неговата опасно неспособна влада се спремни да го асимилираат народот, туку допуштаат и геноцид. Само денес 22 лица починаа поради Корона. Над 900 починати од почетокот на кризата. Таквата катастрофа е последица на убиствената неспособност на Владата. За жал земјата го плаќа Заев со животите на луѓето кои се губат затоа што имаме отсуство на организиран систем да се соочи со опасноста. Нема изговори, ниту трпение. Ако не знаат како, нека си ги спакуваат куферите, доста Македонија ги губи своите чеда поради неспособната Влада и мафијата на Заев, напиша Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави