Search

Мицкоски: Денес се Миле и Спире, утре може да биде било кој

„Крвави ти се рацете Заев и нема вода што ќе ти ги измие. Денес се Миле и Спире, утре може да биде било кој.Ова лудило мора да престане, напиша на Фејбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако не беше пуштен во во ГОБ „8-ми Септември“ за да го види Миле Јанакиески.

Поранешниот министер за транспорт и врски попладнево беше донесен во болница од истражниот затвор „Скопје“ по инцидент со притвореник за „Диво Насеље“. Но, на Мицкоски не му било дозволено да влезе во собата на Јанакиески.

-Не ми дозволија да го посетам Миле Јанакиески, никој не дојде да ни каже што се случува. Педесет полициски сили имаше пред собата на Миле, чекавме директорот да добие насока од неговиот шеф Зоран Заев да ни каже, да ни го оправда ова. Докторот ни кажа дека Миле има телесни повреди по телото, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави