Search

Мицкоски: Денес одев од куќа на куќа и ги замолив охриѓани да ни дадат поддршка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски оствари посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на Охрид каде што ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата.

На состанокот Мицкоски на граѓаните им посочи дека на 21 април граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот.

Милиметри ни требаат, водевме на претседателските избори, и многу блиску сме да имаме градоначалник во Охрид. Милиметри ни фалат. Милиметри се во прашање потребен е оној последниот и конечен удар. Деспотот е на колена, нагласи Мицкоски пред граѓаните во Охрид.

Мицкоски пред толпа народот потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ само ги победи и тоа со голема разлика, што треба да биде дополнителна мотивација и за вториот круг, да се докаже дека правдината веќе е на портите, а заевизмот си заминува.

Денес во Охрид, одев од куќа на куќа, и разговарав со луѓето и ги замолив да ни дадат поддршка, додаде Мицкоски.

Време е граѓаните со нивниот глас да го поразат Заев, но и неговата копија наречена Стево Пендаровски. Граѓаните да стават крај на заевизмот, и на 5-ти мај да гласаат за право и правдина.

Треба да знаете
Последни објави