Search

Мицкоски: Два месеци го оставаат стопанството на милост и немилост, треба итни мерки и свежи пари во економијата

Претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Само интервју“ упати жестока критика за политиките на власта и начинот на кој што Владата на СДСМ се справува со епидемијата на корона вирусот. Според него целото стопанство во моментов е оставено на милост и немилост.

„Вие го оставате стопанството два месеца на милост и немилост. Затоа ние велевме интензивна брза акција и во март, сега веднаш во април требаше да се плати, на луѓето да ги задржат вработените за март. Ако се тргнеше и ако ги спроведоа сите оние работи кои што ние им ги велевме, ако Народната банка ја намалеше каматата на благајничките записи и дел од тие пари завршија во  државни хартии од вредност. Вчера слушав тука се мешаат поими, ликвидност, едно друго, навистина бев зачуден од сето тоа незнаење“, посочи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека во моментов се потребни итни мерки и пари во економијата. Тој посочи дека треба да се вбризгаат пари и да се троши, а парите треба да ги обезбеди Владата.

„Луѓето приходуваат со нула, луѓето создале бизниси, се позајмиле кредити, се позајмиле пари, направиле бизниси. Бизнисот им приходува, да го сервисираат заемот, да исплатат плата и да им остане за живот. Немаат пари под перница“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека мерката на Владата за минимална плата нема помогне.

„Од тоа ништо нема да биде. Зошто? Затоа што прво, голем број од тие фирми на почеток од оваа година и на крајот од минатата фискална година поделија дивиденда. Тоа значи дека немаат право да  бидат корисници на оваа помош“, појасни Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави