Search

Мицкоски да каже дали се видел со новинарот Гајсер

Христијан Мицковски одбегнува да одговори на прашањата што му ги поставуваме, се крие зад статуси на социјалните мрежи, се крие и зад својот генерален секретар, патем осомничен во предметот „Дизајн”, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
-На ВМРО-ДПМНЕ не му било јасно зошто јавноста се прашува дали Мицкоски се гледал со Никола Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија, зошто прашуваме за неговите линкови…Важно е граѓаните да ја знаат вистината. Важно е граѓаните да знаат за поведението на Христијан Мицкоски и неговите вистински намери. Ако Мицкоски се фали кога се гледа со Орбан, редно е да се пофали и за средбите со останатите со кои се гледа. Зошто не ги кажува? Редно е да каже со кого се видел? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа?
Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања.

Особено откако лично призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет”, споменатиот Зоки Кичеец кој патем се појавува и во објавените снимки. ВМРО-ДПМНЕ не излегува од филмовите на конфликт. Кога велат ќе блокираат институции дали мислат на блокирање како на 27-ми април? Агендата Христијан Мицкоски останува иста: одбрана на криминалот на режимот, обид да се загрози правдата и тајкуните на режимот да се претстават како жртви, обид да се блокира земјата, да се спречи напредокот кон НАТО и ЕУ. Мицкоски нема да успее. Напредкот ќе продолжи, застанување нема. Одговорност од прв до последен за сите што ги прекршиле законите мора да има, вклучително и за тајкнуите на режимот, рече Костадинов.
Треба да знаете
Последни објави