Search

Мицкоски: Граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата и нечесните политичари

Добро, најпрвин да го честитам денот, да го честитам и големиот христијански празник Цветници, денеска и така го започнав денот со литургија во „Св. Петар и Павле“, во црквата во Ѓорче, во близина на мојот дом.

Денеска е практично ден кога граѓаните треба да бидат гласни, треба со ливчето со пенкалото во раката зад гласачката кутија, масовно да излезат и да одлучат еднашка засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. И граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото, немањето на демократија во државата, нечесните политичари наместо честитоста и искреноста и принципиелноста.

Така што денеска она кое што јас го очекувам е навистина еден убав демократски ден каде што граѓаните масовно ќе излезат и ќе се изборат за правдата наспроти оваа неправда која што е секојдневие. Оние таканаречени лаги кои што денеска ни ги пренесуваат политичките елити во Република Македонија од оние кои што се на власт.

Така што еве посакувам еден успешен ден, ден во кој што ќе победи демократијата во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави