Search

Мицкоски: Граѓаните заслужија датум за почеток на преговори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва беше на средба со граѓани во Кисела Вода, каде од страна на присутните новинари беше прашан за неговите очекувања околу датумот со преговорите со ЕУ.

„Очекуваме се разбира тоа што цело време го зборуваме, да добиеме чист датум за отпочнување преговори со ЕУ“, одговори Мицкоски, иако, како што, рече оваа влада најмалку го заслужува тоа.

Сепак, според партискиот лидер, граѓаните на Македонија и државата заслужуваат таква разврска.

„Сè што е надвор од тоа да биде чист датум за отпочнување преговори ќе биде неуспех за оваа влада и голем неуспех и делегитимирање за политиките на Зоран Заев и коалицијата што ја предводи тој“, оцени Мицкоски.

Тој додаде дека иако голем дел од јавноста можеби очекувал поагресивно политичко однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партијата била свесна за државниот интерес и европерспективата на земјата.

„Државниот интерес и она коешто се вели европреспектива за сите граѓани во Република Македонија за нас беше врвен приоритет и еве како што гледате денеска ден спроти последниот ден кога ќе се одлучува за тоа дали Македонија ќе добие чиста препорака, нема да добие воопшто препорака или некое меѓурешение, ВМРО-ДПМНЕ е резервирано и апелира да се добие чист датум за отпочнување преговори со Европската унија“, нагласи Мицкоски, додавајќи дека доколку нема позитивна одлука очекува формирање на техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави