Search

Мицкоски го повика Заев на ТВ дуел

Претедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечершаниот протест пред Владата ги повтори шесте барања на опозицијата кон Владата на Зоран Заев, меѓу кои и барањето за нов ТВ-дуел со премиерот.

-Го повикувам Заев на ТВ-дуел. Избери време и медиум, таму ќе дојдам кајшто ти ќе кажеш. Јас и тој очи во очи, па народот нека одлучи. Мора да ги потсетиме за тоа што го ветија, било и да не повтори. Ние имаме решенија и знаеме како да ја направиме Македонија горда и достоинсвена, Македонија која ќе даде шанса на сите. Да е жива и здрава Република Македонија. Ве поканувам во недела во Велес во 13 часот да продолжиме за Македонија, Македонијо напред!, порача Мицкоски.

Тој како прво побара неотповиклива оставка од министрите за внатрешни и надворешни работи, Оливер Спасовски и Никола Димитров како и запирање на постапката за донесување на Законот за прогресивен данок. Четвртото барање е почист воздух односно врањање на гасификацијата, потоа формирање на комисија која ќе ги анализира, систематизира и преслуша прислушуваните разговори на јавните обвинители и на судиите, како и да се почитува волјата на народот, јасно изразена на референдумот на 30 септември.

Треба да знаете
Последни објави