Search

Мицкоски ги користи „бомбите“ како што му одговара на дневно-политичките интереси

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги користи „бомбите“ како што му одговара на дневно-политичките интереси и за заштита на неговите сопартијци од соочување со правдата- пишува Локално.

Вистината е дека и со новиот предлог на Законот за ЈО политичките бомби остануваат да бидат докази до 30.06 а потоа исто така се користат како индиции.

Зошто тогаш извртувањето на вистината и различните барања на ВМРО-ДПМНЕ? Дали е тоа купување на време или уште еден обид за одлговлекување?

Христијан Мицкоски минатата 2019 година, точно на 17 април, во емисија „Клик плус“ на ТВ 21 категорично стоеше на ставот дека „бомбите“ не можат и не смеат да бидат доказ во постапка, за тоа да го заборави. Сега, 10 месеци подоцна, Мицкоски бара „бомбите“ да бидат доказ.

Кој и кога е искрен со граѓаните? Мицкоски во април, или Мицкоски во февруари?

Законот за Јавно обвинителство, кој е во собраниска процедура, не е закон за амнестија, тој е закон што треба да создаде ефикасни механизми за борбата против криминалот и корупцијата.

Очигледно на Мицкоски и тоа не му одговара и сега бара докази и го критикува она што претходно го бараше.

Спорниот член 110 од предлог законот за ЈО се однесува на СЈО и предвидува бомбите да бидат идниција за натамошно прибирање материјални докази во кривична постапка, како што стои и во законот за кривична постапка.

Оттука се поставува прашањето што сака ВМРО-ДПМНЕ: дали „бомбите“ да бидат или да не бидат доказ во судска постапка или да бидат кога ним им одговара или обратно.

Сите политички субјекти, а пред се парламентарните партии мора да знаат дека се одговорни за иднината на земјата и дека усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата.

Треба да знаете
Последни објави