Search

Мицкоски: Вработени во ДЗС сведочат за за фабрикување и испорака на податоци

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по прес конференција одговараше на новинарски прашања на кои меѓу другото, рече дека постојат сомнежи за измами во извештаите на Заводот за статистика.

НП: Споменувате според вас поразителни околности и резултати, во едно одамнешно интервју спомнувате дека Заводот за статистика фабрикува податоци имате ли некои сознанија за конкретни случаи дека ете се фабрикуваат такви податоци?

Одговор: Да, ние ја отворивме и оваа тема, доаѓаат разно разни сведоштва, вработени сегашни, но и поранешни вработени во рамките на Заводот за статистика за фабрикување и испорака на резултати кои претходно се диктирани на Илинденска бр2, а со цел да се стекнат со подобри стартни позиции до делот на обезбедување на средства за буџетот, но и за други политики кои ги води оваа влада. Навистина тоа е загрижувачки, јас во едно интервју кажав дека ако ова се потврди, а средната влада предводена од ВМРО-ДПМЕ сериозно ќе се позанимава со ова. Ова не е срам и измама само за граѓаните на нашата држава, ова е срам и пред меѓународните реномирани институции, од кој што од тој Завод за статистика добиваат навигација за определување на кредитниот рејтинг, а кредитниот рејтинг го користат исто овие странскиве инвеститори покрај Извештајот на Светската банка „Doing Business“ дали да инвестираат дали да позајмат пари на нашата држава итн. Тоа претставува една класична измама која што ние како идна влада која што ќе ја формираме детално ќе истражиме, апелирам и до вработените на Државниот завод за статистика и апелирам до овие луѓе кои што ги вршат овие притисоци, си знаат тие кои се ќе е препознаат во мојата изјава, да престанат да ги малтретираат луѓето , а овие кои што се вработени во Заводот за статистика  да не бидат соучесници во кривично дело, за да немаме после тоа зошто и како поставување на прашања.  Доколку се констатира ова кое што како сведоштво ние го добиваме од сегашни, но и од поранешни вработени од таму, навистина ќе претставува многу лошо и за имиџот на државата, но и ќе претставува еден огромен проблем.

НП: Министерот за земјоделство денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ стојат зад најавените протести на земјоделците како го коментирате тоа?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ стои зад интересите на земјоделците и стои позади политиките за подобра иднина на земјоделците, а СДСМ  и министерот нека обвинуваат, но тие стојат позади погрешните политики коишто ги доведоа земјоделците до питачки стап или да бидам попрецизен ние да стоиме позади интересите на земјоделците, сме стоеле и ќе продолжиме да стоиме, а тој нека продолжува да го обожува ликот и делото на Зоран Заев и нека продолжи да води погрешни политики кои ги доведоа земјоделците на питачки стап.

Прашање: Дали може да ни ги појасните економските параметри врз база на кои вие оценувате дека постои назадување во економијата и дека реформи воопшто не постојат во Македонија?

Одговор: Јас штотуку завршив со презентацијата за која што вие практично ми го поставувате прашањето, извештајот на Дуинг бизнис кој што е дел од анализата која што ја прави оваа меѓународна организација, Светска Банка е практично навигација за идните потенцијални инвеститори, кои што би сакале да инвестираат во нашата држава. Таму се анализирани 10 индикатори и ние во сите 10, т.е. да бидам попрецизен во 9 имаме драматичен пад, а во еден сме на истото место. И сега вие доколку сте странски кој што сака да инвестира во оваа земја прво нешто што ви паѓа на памет е да го земете тој документ и да прочитате за таа земја да видите како економски оваа земја се развива и кои можности ги нуди. Кога ќе видите дека таа назадува по овие индикатори, тогаш можеби ќе си го поставите прашањето дали навистина треба таму да инвестирате или пак можеби во некоја друга земја од соседството или во некоја друга земја. Резултатот на таа дилема која што претпоставувам ја имаат голем дел од странските  инвеститори, во вториот дел од мојата прес конференција го кажав, а тоа директните странски инвестиции. Директните странски инвестиции во првите 6 месеци од 2019 се на ниво од 48 милиони евра во Македонија. Во соседна Србија 1 милијарда и 400  милиони, во Унгарија за која што нели нашиот премиер велеше дека сме блескале, дека сме пример во делот на владеење на право и слично, има 1 милијарда и 100 милини евра, Црна Гора има 227 милиони евра, повеќе од 500 милиони евра има Словенија, соседна Бугарија исто така. Тоа се параметри врз основа кои можеме да ги цениме успешните економски политики. Дека немаат план, дека немаат визија, дека немаат стратегија, дека не знаат да водат проектен менаџмент е  практично реализацијата на буџетот. Ај што не знаат да привлечат директна странска инвестиција  веќе трета година по ред, тоа го заклучуваме и од извештајот на Светска Банка, Дуинг бизнис, тоа го заклучуваме и од бројот, волуменот на пари кои што се  влезен по основ на директни странски инвестиции во нашата држава. Ајде да видиме сега со овие домашниве, парите ги прибираат од вас, од економијата од бизнисот, ги собираат тие пари и тие пари влегуваат во буџетот и сега нивото на реализација на капиталните инвестиции кои што тие  на почетокот од годината си ги дефинирале и биле на ниво од 25 милијарди и 900 милиони денари, ги намалиле о ребалансот на 22 милијарди, односно за нешто околу 3,25 милијарди, нешто повеќе од 50 милиони евра. Затоа што тие пари им требаат за да ги пренасочат во други политики во отсуство на визија да ја развивате сопствената држава, парите кои што ги собирате од граѓаните  и од бизнисот наместо да ги инвестирате за развој на таа држава вие ги инвестирате за покривање на штетни политики и поткуп и мислите дека народот има кратко помнење, ќе гои заборави криминалот, корупцијата, арамилукот, понижувањата, е сега пред избори овие  два месеца му мајката, што би рекол еден политичар, и готово ќе ја добиеме довербата. Не туку оставате трајни последици за  кои што ќе ни треба време да ги залечиме. Но  свесни сме, овие показатели се јасна насока дека  одиме во бездна одиме во едно грчко должничко сценарио , но подготвени сме, имаме стратегија, знаеме како да  излеземе од ова, затоа што на оваа  држава и е преку глава и на о овие граѓани од политички измамници. Доаѓа времето на чесни и честити политичари.

НП: Господине Мицкоски, денеска  прилична еуфорија владее во медиумите  во Грција особено по телевизискиот настап на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, за меѓународна  соработка, господинот Муцунски, вчера во изјава за ТВ Скај телевизија дека ако дојде владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  на наредните избори ако победи дека ќе го промени Преспанскиот договор, еве сега можеби е добра можност за да појасните уште еднаш, и уште едно прашање имам околу можноста за коалицирање пред избори со блокот албански партии кои што се сега во опозиција бидејќи гледаме дека кај нив владее, мислам има повици за окрупнување?

Одговор:  Ќе мора малку да сме попрецизни околу изјавата на меѓународниот секретар на  ВМРО-ДПМНЕ, господинот Муцунски. Никаде во изјавата ова што го кажувате не го спомнува господинот Муцунски.  Можеби некогаш треба да ги слушаме и читаме политичарите од Македонија, а  да не влечеме нели паралела со тоа што говорат весниците и медиумите во соседството. Изјавата е јасна и прецизна  и е во корелација со на што јас го говорам веќе подолго време дека ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во сето ова дека ВМРО-ДПМНЕ беше против и од денешна перспектива се срами што оваа влада, предводена од Зоран Заев го направи тоа што го направи, дозволи да се стекнат права. Да ја ставиме државата  откако ќе се формира новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, на една брза трака , Македонија да биде дел од Европската Унија и по правото на самоопределување да го поставиме  прашањето. Ние сме Македонци кои што говорат македонски јазик. Што е спротивно на ова што го говори господинот Муцунски и што го говорам јас? Што е спротивно од било кој договор кој што е актуелен и беше потпишан од страна на владата на СДСМ и на Зоран Заев. Нели самите тие излагаа и велеа дека ние сме Македонци кои што говорат македонски јазик, кои што доаѓаат од Македонија? Исто како оние коишто се наоѓаат во северна Грција и се дел од областа Македонија и се нарекуваат Македонци но се чувствуваат како Грци? Што е тука спротивно? Што има лошо и каде господинот Муцунски погрешил во неговата изјава? Вие не сте Македонка? Не говорите македонски јазик?  Еве јас сум Македонец кој што говори македонски јазик и е од Македонија.

За второто прашање, да разговараме со многу политички партии, апсолутно разговараме и ќе продолжат разговорите со политичките партии, доколку имаме сврзна точка доколку најдеме заеднички интерес кој што ќе кулминира со интересот на граѓаните на Македонија, апсолутно не гледам никаква пречка да  потпишеме договор и пред изборна коалиција, но и да оставиме простор за понатаму ги донивелираме ставовите доколку има некои разиденувања во пост изборна коалиција после победата на предвремените парламентарни избори.

 

НП: Во таа насока сакам да ве прашам како ја коментирате можноста за предизборна коалиција во владејачкиот блок помеѓу СДСМ и ДУИ. Тоа ќе биде едно прашање и уште едно прашање сакам да ви поставам. Овој извештај вчера истиов Владата вчера објави извештај дека сме имале најдобри постигнувања во регионот, премиерот, вицепремиерот за економски прашање често велат дека имаме рекордно ниво на инвестиции. Вие излегувате на прес конференција, расте просечната плата во однос на претходната година, вие излегувате и викате дека се оди надолу. Нешто статистиката е проблем или?

Одговор: Вие ако го отворите извештајот и го прочитате ќе видите дека тоа што го говорам е вистината. Сега јас навистина понекогаш се чудам и на оптимизмот на граѓаните кога ќе ги слушаат изјавите од Заев и Анѓушев и дека се уште им веруваат на луѓето кои што се колнеа дури и во најмилото па лажеа. Така да навистина не би можел ништо повеќе да додадам од тоа што го кажав. Во самиот извештај се содржани сите 10 индикатори по кои што се анализира напредокот на една држава од една во друга година и многу лесно можете ова да го проверите. Истовремено во Народна банка на Македонија ќе влезете и ќе ги видите параметрите кои што се однесуваат на директните странски инвестиции. Јас оттаму сум ги зел, изворот е таму 48 милиони евра. Доколку влезете во Народните банки на останите држави кои беа дел од компаративната анализа ќе ги најдете истите параметри.

 

НП: Владата вели 300-600 милиони евра?

Одговор: Па не знам претпоставувам тоа беше за минатата година кога компаниите кога велевме ние ја реинвестираат добивката, тогаш беше тоа. Но тоа беше за минатата година, не се однесува на оваа година. Оваа година во првите 6 месеци тоа е бројката. Еве може секој еден граѓанин. Достапно е тоа да ја отвори интернет страната на Народната банка, да провери дали ние ја говориме вистината или пак ја говорат од Владата. Но повторно ќе потсетам тоа го зборував и на државниот празник, нашиот настан, свечената академија која што ја имавме во Прилеп пред два дена. Се ќе се изнаслушаме во периодов кој што доаѓа, секакви  ветувања, секакви анализи, но секогаш имајте во предвид дека овие луѓе се колнеа, а лажеа. Секогаш треба граѓаните да имаат во предвид дека овие луѓе се колнеа и лажеа и тоа во најмилото.

НП: Коментар само за можната предизборна коалиција во владејачкиот блок?

Одговор: Јас ги слушам изјавите од претседателот на Демократската Унија за интеграција веќе две изјави по ред кажа дека нема намера да влегува во една таква коалиција. Претпоставувам дека секоја политичка партија како што и ние имаме можност така и тие имаат право и можност, тоа е убавината на демократијата да се седне да се разговара во една предизборна, постизборна коалиција така што ние сме фокусирани на политиките и понудата која што ќе ја даде ВМРО-ДПМНЕ, загрижени сме од лошата ситуација во која што се наоѓа нашата држава на економски и политички план и навистина ќе потрудиме да понудиме нешто што на краток рок ќе биде офанзивно и ќе донесе резултати. Јас тоа го говорам веќе втор пат по ред дека граѓаните ќе ја почувствуваат новата политика на ВМРО-ДПМНЕ споредена со оваа политика, но и со политиките во минатото уште во првите 100 дена од формирањето на новата Влада. Знам дека ќе биде голем предизвик и пеколно тешко да се убедат граѓаните, бидејќи во минатото имало многу ветувања, многу очекувања за жал голем дел од политичарите не ги исполниле тие ветувања, не ги реализирале тие очекувања. Тоа е трејдмарк заштитен знак за оваа Влада без разлика дали  станува збор за нивни политики на локално или на централно ниво. Но ние ќе дадеме се од себе да ги убедиме во нашата честита и чесна намера дека тоа што ќе го ветиме доа и ќе го реализираме.

НП: дали во овој краток период пред техничката влада ќе се обидите да ги затворите отворените прашања како што е изборот на државен ревизор, АВМУ,законот за јавно обвинителство и дали можеби веќе се одлучивте за министри?

Одговор: Што се однесува до тековните активности, да тие траат се разговара на таа тема и се разбира доколку дојде до точка до која се договориме, јавноста ќе биде благовремено информирана. Јас сум оптимиста дека можат и тие теми да се затворат пред предвремените парламентарни избори.

За имињата, се уште не сме одлучиле.

НП: Од ДУИ велат дека ќе коалицираат со Вас, само ако ги исполните некои услови за нив инаку нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ иако вие можеби ќе бидете новиот мандатар. Дали Вие би прифатиле да коалицирате со некоја партија која ве условува?

Одговор: Јас на нивото на кое што комуницирам со раководството на ДУИ ваков тип на условување не сум слушнал да бидам искрен. Вие претпоставувам реферирате на помалку би рекол несреќната изјава на министерот за економија која што беше дадена на едно интервју на ТВ 21 пред некој ден. Мислам дека е погрешно протолкувана, добро е да сме по прецизни во периодот кој што следи за да не оставаме простор за било какви шпекулации и недоречености. Инаку на нивото на кое што ние комуницираме таков тип на комуникација не постои.

Прашање, новинар: Значи сепак комуницирате?

Одговор: Комуницираме со сите партии и јас тоа сум го кажал неколку пати.

Прашање, новинар: Вчера жителите на општина Чашка се протестира зашто се отвора паралелка на албански јазик, дури кажаа дека таму е етнички чисто има и обвинувања дека овие протести ги организира ВМРО-ДПМНЕ и денеска членовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против кој е вашиот коментар:

Одговор: Не сум запознат со ова што вие го говорите. Но , истовремено знам дека добивам голем број на поплаки од граѓаните на Тетово кои што имаат деца во гимназијата Кирил Пејчиновиќ кои што еве трета година по ред очекуваат да добијат нормални, не велам пристојни, туку нормални услови за следењето на наставата, но за жал од министерот за образование и градоначлничката на Тетово  се комплетно игнорирани. Но, во делот дека ВМРО-ДПМНЕ стои во било каква организација на протести или настани категорично го одбивам, но треба да ја видиме актуелната ситуација, да ги видиме фактите и дури потоа како партија а и јас лично ќе се произнесеме инаку јас прв пат од вас слушам за нешто што се случувало. Но, повторно ќе кажам на дневна основа добива поплаки од граѓаните во Тетово  чии што деца учат во гимназијата Кирил Пејчиновиќ во навистина не стандардни услови туку понижувачки услови и веќе трета година по ред никој нема слух за нив и се надевам дека идната влада ќе најде слух и ќе најде подобри услови за следење на наставата, барем онакви какви што имаат нивните сокласници во другите краеви во Република Македонија.

 

Новинарско прашање:  Господине Мицкоски дали има можност за промена на Изборниот законик пред изборите, особено во делот на финансирање на изборната кампања или начинот на финасирање на политичките партии ?

Одговор: Сите опции се отворени, доколку постои договор помеѓу политичките партии и зошто да не се што е во рамките на законскиот рок е навистина добро за да се заврши. Навистина тука не гледам причина, доколку се договориме да тоа не го завршиме. Дали сум оптимист или песимист јас би сакал повеќе да бидам оптимиста.

 

 

Треба да знаете
Последни објави