Search

Мицкоски во кафеаната бил со поранешен функционер во Влада и актуелен полициски службеник

Кривични пријави најави дополнителнта заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска за сите инволвирани во случајот со угостителниот обект на улицата „Боемска” во Скопје. Кривични се најавени како за правното лице во кој е вршена инспекцијата, а која првично била попречувана, но и за лицата кои се наоѓале во објектот во тој момент. Сите четири лица кои биле присутни таа вечер во објектот се идетификувани, според искази на очевидците, а едниот од нив како што веќе и е познати на јавноста бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според неа, во непосредна близина на објектот како и во самиот објект забележани биле полициски службеници, кои по опис на своите  работни места не требало да бидат присутни таму и дека тоа предизвикало сомнеж за нивната намера  и со оглед на тоа дека станува збор  за фреквентно место повикани биле полициски службеници од единицата за брзо распоредување, како превентивно обезбедување на просторот.

-Овој случај кој говори за свеста и  совеста на оние кои во време на пандемија ги прекршуваат  мерките за заштита. Ова не е политички случај. Ова е настан во кој се сторени кривични  дела и заради тоа по комплетирањето  на доказите ќе биде поднесена кривична  пријава односно кривични пријави против сите кои тоа го сториле, истакна Петровска и додаде дека одговорност мора да има, морална за која ќе суди јавноста  и кривична за која ќе суди судот.

Од исказите на очевидците, истакна Петровска, идентификувани се сите четворица  присутни во внатрешноста  на објектот.

-Притоа значи мислам на очевидци вработени во објектот и по потврдувањето на снимките нивните имиња ќе бидат соопштени. Можам да потврдам дека едно од лицата  е поранешен функционер во Владата, односно во МВР  и еден е полициски службеник. Поранешен функционер и актуелен полициски службеник, припадник на Министерството, додаде Петровска.

Треба да знаете
Последни објави