Search

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува против уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ останува против уставните измени и ќе ја следи волјата на граѓаните, рекол претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средба со претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна Партија, Дejвид Мекалистер.

Како што соопштија од партијата, тие разговарале и за актуелната политичка состојба, процесите врзани со стратешките цели на Република Македонија членството во Европската Унија и НАТО.

„Мицкоски објасни дека Република Македонија се соочува со деликатна политичка состојба и со еден период на црно владеење каде доминираат неправдите и политичкиот прогон. Воедно посочи дека се случуваат скандали на дневно ниво каде до израз доаѓа неподготвеноста на владата за реформи и менаџирање на политичките процеси. Мицкоски истакна дека таквата непосветеност на власта, државата ја турка кон економското и политичко фијаско, слабеејќи го стандардот на граѓаните. Тој на средбата истакна дека врвен интерес за ВМРО-ДПМНЕ е напредокот на европските интеграции но и дека владата има недоволен учинок на тој план што е резултат на нејзината неспособност. Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси кои би гарантирале напредок но пред се тоа зависи од волјата и способноста на владата да биде носител на тие процеси“, соопштија од партијата.

Треба да знаете
Последни објави