Search

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ има јасен план како да справи со пандемијата наесен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коментар на изјавата на Али Ахмети дека на македонските партии им се треселе нозете од помислата за прв премиер Албанец одговори дека граѓаните одлучуваат, но и дека справувањето со пандемијата е во втор план, иако сесоочуваме со сериозна криза наесен.

-Цениме дека овие избори граѓаните масовно ќе ја поддржат опцијата која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија. Цениме дека како победничка опција после овие избори ќе имаме голема комоција во делот на преговори и разговори со потенцијалните коалициони партнери водени единствено од клучниот столб во нашата програма, а тоа е како да навистина имаме правна функционална држава, а потоа сето останато кое што денеска е реалност во Македонија. Тоа е справување со Ковид пандемијата, справување со предизвиците во образованието, здравствената криза, економската криза. Знаете ние сме сега пред есента кога ако потрае оваа ситуација со Ковид пандемијата како што трае ќе дојде на ред и сезонскиот грип. Така што сериозна и алармантна ќе биде ситуацијата, а никој тоа не го споменува. Гледаме дека развиените европски земји веќе почнуваат да зборуваат за еден масовен скрининг, за едно масовно  вакцинирање од сезонскиот грип. Така што замислете што ќе се случи со нашите здравствени капацитети ако наеднаш дојдат пациенти со сезонски грип, луѓе кои што се инфицирани од Ковид-19. Навистина ќе настане една тешка траорна ситуација. За жал кај нас воопшто никој не разговара за тоа. За среќа после 15 јули победува  обновата и има јасен план како и со едното и со другото да се справи, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави