Search

Мицкоски: Власта изминатиов период не убедуваше во друга реалност додека не се случи апокалипса во македонската економија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на емисијата „Трилинг“ посочи дека додека опозицијата апелираше да се донесат пред време сет мерки за подобрување на економијата, власта живееше во друга реалност поинаква каде ги убедуваше граѓаните дека Македонија блеска.

На 12-ти по средбата кај господинот Спасовски имав изјава за медиумите и кажав дека бевме информирани од страна на Филипче како се развива пандемијата, и тогаш изразив сериозна загриженост дека ни се случува економска катаклизма, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека потоа излезе техничкиот премиер Спасовски и изјави да не се грижи опозицијата, и кога ќе треба да се преземе акција за стопанството владата е тука и ќе помогне.

Знаете онаа примитивна надметност што е присутна кај мнозинството владини министри навистина загрижува овој момент. Тие како да живеат во поинаква реалност,  од онаа реалност која што е денеска во Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски образложи дека потоа ВМРО-ДПМНЕ имаше прес конференција каде што се предложија сет мерки за да се помогне на државата и на владата.

Техничкиот заменик министер во финансии побара состанок со министерот за финансии и предложи – Ние не сме како вас, нема да пишуваме писма во екот на кризата, ќе ја поддржиме намерата да се задолжи државата, да обезбеди средства безусловно. Само имаме едно барање, а тоа е да обезбедиме тим од квалитетни министри или еве од наша страна проф.  Славевски и Гордана Кочоска, заменик технички министер за финансии  да бидат дел од тој тим и да разговараме затоа како ќе се справиме со оваа криза. Поминаа три дена за да го добиеме одговорот, за да одговорат го прифаќаме вашето барање. Се формираше тим на луѓе, и имаше состанок што траеше три часа, и немаше никакви заклучоци, нагласи Мицкоски.

Мицкоски вели дека поминаа 7 дена по тој состанок, и власта иако не убедуваше дека Македонија блеска, буџетот е ликвиден, се е како што треба се случи салто мортале, направи друг кога изјави дека сме катастрофа, дека се случува апокалипса во државата.

Треба да знаете
Последни објави