Search

Мицкоски: Власта зема од народот за да си ги финансира тендерите склучени во четири очи

Мицкоски: Власта зема од народот за да си ги финансира тендерите склучени во четири очи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со граѓани и симпатизери од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Јегуновце.

Од опозициската партија информираат дека Мицкоски на средбата најпрво се осврнал на црнилата кои, како што рекол, ги спроведува Зоран Заев и СДСМ, како и на лошата економска политика која директно удира врз граѓаните на Република Македонија.

„Практично донесоа низа мерки кои подразбираат само едно, а тоа е како од граѓаните да земат за да стават во Буџет и од таму да им врват тендерите. А како ќе им врват тендерите во четири очи, тоа е многу едноставно. Немаат совет за јавни набавки да ги контролира, сами си прават технички спецификации, си објавуваат, тарифата е јасна од 10 до 15 процени се движи, зависи од големината на бизнисот, местото на испорака и тоа се знае каде во еден ресторан на југоисточна Македонија“, обвинил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакнал и дека Зоран Заев и Кочо Анѓушев во 2017 година во Јегуновце ветувале подобар живот, како и рестартирање на фабриката Југохром, но, како што посочил, и после долг период се уште нема ништо од нивните ветувања.

„Овде во Јегуновце дојдоа 2017 година, јуни месец кога премиерот гордо велеше дека ќе направел се за да ги врати луѓето на работа, да го рестартира Југохром. Па после него есента чинам, октомври дојде Анѓушев и велеше до мај, ако не е мај тогаш јуни сигурно стартува со работа Јегуновце. Но, еве помина мај, јуни, помина и октомври и ноември, декември, еве и јануари дојде 2019 година и сега имаме ново ветување ако не минатите мај и јуни, сега оваа 2019 година сигурно ќе било. Но, тоа се само обични шарени лаги. Нема ништо да се случи“, рекол Мицкоски во обраќањето пред граѓаните и симпатизерите.

Треба да знаете
Последни објави