Search

Мицкоски: Буџетскиот дефицит во првите два месеци од 2020 година изнесува речиси 25% од вкупниот кој е предвиден за цела година

Борбата со пандемијата е борба за секој човечки живот, таа е непроценлива и бесконечна, исто како што е Македонија бесконечност. Во политиката пак, морате да бидете подготвен на критика, понекогаш аргументирана и прецизна, но понекогаш дифузна и тенденциозна, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во анализа на тековната економска состојба.

„Осуден однапред што можеби овој пост нема да биде во насока дека блескаме во економијата и резултатите се за поклонување, сепак чувствувам огромна одговорност една кратка анализа да споделам со македонските граѓани и ќе оставам самите да одговорат на прашањето: Дали Зоран Заев и СДСМ намерно ја втурнаа македонската економија и граѓани во апокалиптично сценарио водејќи се исклучително од личните и партиските интереси и манифестираа огромно незнаење или е нешто друго во прашање? … А се започна на 26 декември 2019 година кога тогашниот сеуште премиер во занес, во парламентот ќе изјави дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување.

Истиот овој наратив понатаму ќе го продолжат уште неколкумина јуришници од СДСМ во владата, Оливер Спасовски, Мила Царовска, Нина Ангелевска итн…, и се до 21 март оваа година, сите овие заедно со Зоран Заев ќе не убедуваат дека буџетот е ликвиден и дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување и покрај тоа што нема раст на БДП од 5% или на пример просек плата од 500 евра, странски и домашни инвестиции, загарантиран откуп за земјоделците, 500км автопатишта итн…

Но каква е реалноста и какви се бројките, тие самите ќе дадат одговор на прашањето, имено буџетскиот дефицит во првите два месеци од 2020 година изнесува речиси 25% од вкупниот кој е предвиден за цела 2020 годинаили за 63% повеќе од тој во 2019 година кога бил 15,2% (слика 1)., а само во февруари месец тој бил повеќе од 3 милијарди денари (Извор: МФ, Извештај за реализација на буџет заклучно со месец февруари 2020).

Вториот податок кој е содржан во оваа анализа е стоковата размена со странство, извоз и увоз. Во месец февруари 2020 година за прв пат во последните 5 година се бележи пад на извозот и тоа за 1,9% (слика 2).

Извозот бележи опаѓање за повеќе од 10 милиони евра, а истовремено увозот бележи зголемување за повеќе од 40 милиони евра (слика 3).

Апсолутната бројка во негативното трговска салдо е поголема од 50 милиони евра (слика 4).

Може да се заклучи само доколку се соберат негативното трговско салдо и буџетскиот дефицит за месец февруари 2020 година, доаѓаме до фрапантна бројка од повеќе од 6 милијарди денари или повеќе од 100 милиони евра. Јас немам дилема дека додека јуришале со народни пари да вршат поткуп на гласачи за предвремените парламентарни избори што требаше да се случат на 12 април, првите сериозни знаци за сериозна економска апокалипса која ни претстои како резултат на пандемијата но и поради кусогледите економски политика на владата на СДСМ веќе во месец февруари пристигнале.

Опиени со власт, надмено создавајќи ограда околу себе владата и надлежните за економските политики  овие предупредувања не успеале да ги забележат, туку сосема спротивно одлучија да не убедуваат длабоко во месец март дека блескаме и дека буџетот е ликвиден. Многу прашања ќе останат сега за сега неодговорени, а ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија подаде рака, на време предупреди и понуди решенија. За одговорите на прашањата ќе оставиме да помине пандемијата и ќе ги одговараме едно по едно, тоа што ја одбивте подадената рака и не прифативте ниту едно од понудените решенија доволно говори на личниот капацитет и за тоа кој за што се залага и бори.

Тоа нема да не демотивира, напротив, дополнително не мотивира и така мотивирани ќе продолжиме да иновираме, креираме и бараме решенија за ова што допрва не чека, а тоа е нашата борба против пандемијата, негативните ефекти од пандемијата и борбата за македонските граѓани и Македонија, таа борба реков на почеток е бесконечност. Ние со нашиот сон за бесконечната Македонија, а вие со вашата надменост, неспособност и отсуство од реалноста….Борбата продолжува, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија.

Треба да знаете
Последни објави