Search

Мицкоски брани криминал и ја поткопува истрагата за „Рекет“

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се загубија во посветеноста да ги одбранат криминалите на режимот и нивните тајкуни. Покрај тоа што мавташе со наводни документи за искази и вештачења, во вчерашната изјава, Христијан Мицкоски случајно или не призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали од предистражни дејствија односно материјали од нелегално следење на комуникациите, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

-Поседување на изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело, а оној што ги споделил таквите документи не може да биде свиркач туку вршител на кривично дело. Манипулациите со вакви документи пак ја поткпува истрагата и целиот процес за случајот Рекет. Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец. Христијан Мицкоски ги покажа неговите вистинските намери, да работи против правната држава, да ги кочи процесите и да го загрозат датумот за почеток на преговори со ЕУ.

Овие јалови обиди на Мицкоски да се попречи правдата и да се спасат криминалците од одговорност, со сигурност, пропаѓаат. Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судството. Сите предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство. Сите отворени истраги и судски случаи ќе се расчистат до крај и секој за кого ќе се докаже вмешаност во криминал ќе одговара за своите постапки. Пропадна и неговиот блеф за наводно барање предвремени избори за кои се покажа дека Мицкоски не сака да се случат.ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и на патот до Европската унија.Ние никогаш нема да отстапиме од заложбите за воспоставување правна држава и владеењето на правото. Тоа Мицкоски, треба да му го пренесе и на неговиот ментор, побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски!, рече Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави