Search

Мицкоски: Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека и е со среќа

Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека и е со среќа, рече попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски без да прецизира дали во таков случај неговата партија ќе учествува на изборите.

Во гостувањето во вестите на телевизија Сител, Мицкоски истакна дека на вчерашната лидерска средба една политичка партија соопштила дека за неа е прифатливо изборите да бидат на крајот на јуни – почетокот на јули, но исто така и во септеври, а друга партија прво како предлог го спомнала крајот на јули – почетокот на август, потоа крајот на август, а на крај како термин го посочила 26 јули.

Мицкоски истакна дека само денеска во земјава има 22 нови случаи со коронавирус и двајца починати.

-Додека го давам интервјуто и додека зборувам за дати се чувствувам непријатно бидејќи денеска имаме нови 22 инфицирани и нови двајца кои го загубија животот. Но, мојата работа е таква, јас сум политичар и ова е политичка тема и ќе ми простат граѓаните што морам да давам одговори и на вакви прашања, бидејќи поинаку не би можел да функционирам. Вчера се извинив кон граѓаните, потоа говорникот после мене, Зоран Заев, се обиде сето тоа да го вулгаризира дека јас сум барал политичка средба кај господинот Пендаровски. И да, јас се согласувам дека ја побарав, но ја побарав за да разговараме за актуелната политичка стиуација во државата, економската, но пред се и над се, здравствената. Тогаш, ако се сеќавате, дојде одговор од СДСМ дека не е време за избори и дека нема што да одат на лидерска средба на која ќе разговараат за избори, иако никој тогаш не спомна избори за недела-две потоа, повторно за 180 степени да го променат својот став и да лиферуваат дати дека ако не оди опозицијата тогаш ќе оделе сами. Еве, ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави