Search

Мицкоски: Ако од одлуките на ЦО на СДСМ зависат одлуките во Владата тогаш сме го погрешиле политичкиот систем

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на Алфа телевизија на емисијата „Отворено„ рече дека ако од одлуките на Централниот одбор на СДСМ зависат одлуките во Владата тогаш сме го погрешиле политичкиот систем.

– Партијата од државата се одвоени, барем за тоа се бореа оние шарени револуционери на чело со Заев и Шеќеринска, рече Мицкоски.

Тој рече дека е вчудовиден од трпението на луѓето во структурите на СДСМ, затоа што се почести се гласините дека има големо незадоволство во нивните редови и прашање на време е колку тие луѓе ќе имаат трпение, затоа што Заев и партијата и државата ја носи во голем амбис.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, интересот на граѓаните е пред се и над се, додавајќи дека за влез во Европската Унија е потребно работа и успешно спроведени реформи од страна на владата.

-Ова лето нема да има датум за отпочнување на пристапните преговори со Европската унија, зашто за тоа е потребно да се работи, а ВМРО-ДПМНЕ го нуди целиот свој потенцијал да работи со Владата на СДСМ, со цел надминување на сите пречки кои стојат на патот за Република Македонија барем во октомври да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Потенцијалот што го има Зоран Заев околу себе видовме до каде нѐ донесе. Повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да можеме да сработиме за иднината на државата.Ова не е како мало дете земи му ја играчката и веднаш не чиниш, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави