Search

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, ќе ја втурнат државата во нова политичка криза, смета лидерот Христијан Мицкоски, кој тврди дека друга алтернатива, освен избори на 12 април нема да има. Мицкоски, коментирајќи новинарско прашање за изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека не е уверен дека изборите ќе се одржат во утврдениот термин, потенцираше дека доколку дојде до вакво одложување, тогаш тие не се сигурни дека во иднина ќе соработуваат со престедателот.

-Пендаровски продолжува да се однесува како гласноговорник на СДСМ и Зоран Заев, се обидува да изнајде одредено алиби за катастрофата да не се случи во април туку во друг период. Од друга страна, му остава простор на СДСМ за маневри, односно за тие со збунувачки изјави поврзани со Законот за јазици, да ги става на преговарачка маса со коалиционите партнери при евентуално одложување на предвремените парламентарни избори, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Пендаровски е свесен за последиците ако договрените избори на 12-април не се одржат.

-Доколку Пендаровски не е сигурен за тоа што е договорено во негова организација, а тоа се предвремени парламентарни избори на 12 април, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата навистина ќе ги преразгледа односите кои ги има со Пендаровски и во такви околности, ние сме сигурни дека соработката на Коалицијата за подобра Македонија и претседателот ќе функционира како до сега. Јас сум убеден дека тие се свесни за последниците ако го напуштат договореното, свесни се за политичката криза во која ќе ја втурнат Македонија, додаде Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави