Каков е ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со евентуалното аболицирање на поранешниот премиер, Никола Груевски може да го видите вечерва во емисијата „Економски Магазин“ на телевизија „АлсатМ“.
Запрашан дали ќе го пречека со фанфари Никола Груевски на аеродромот ако неговата партија победи на избори и формира влада, Мицкоски одговори дека ќе истражи и ќе обелодени кој му помогнал на Груевски да избега од државата. Мицкоски додаде дека во оваа држава има закони што мора да се почитуваат и оти секој што погрешил пред законот, без разлика дали е Груевски, Мицкоски или Заев, мора да одговара.
Што кажа Мицкоски може да видите во емисијата „Економски магазин“ што ќе се емитува вечерва во 22:00 часот.