Search

Мицковски: Доаѓаат победнички години, заминува срамното минато

Доаѓаат четири победнички години, заминува срамното минато. Нашата програма Обнова е создавана многу внимателно, во која учествуваа експерти политички и неполитички определени, во читанката од 360 страни ќе најдете буквално за секого по нешто, порача вечерва од Свети Николе, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски на средбата со граѓаните.

Тој посочи дека во нивната читакна може да се прочита „како до најмалку 25 проценти поголема просечна плата во Македонија”.

– Во нејзе ќе најдете како до 20 отсто поголеми пензии за пензионерите и најмалку двапати годишно раст на пензиите. Таму ќе најдете четири милјарди евра инвестиции, домашни и странски. Таму ќе најдете како до невработеност под 10 отсто, како до рамен данок најнизок во Европа од осум проценти, како до данок од нула проценти за вработен млад човек до 29 години. Таму ќе најдете субвенција до 50 проценти за секој којшто ќе одлучи да ја смени фасадата, за топол дом, за помали трошоци, вели Мицковски.

Тој истакна дека за наредните четири години предвидени се над 600 милиони евра за земјоделците, а иновативен начин платен трудот, а не какошто рече нивите да останат неизорани и неожнеани. Нудат и реформи за враќање на правната држава, како и враќање на националното достоинство и исправање на сите грешни политики. Здрватсво кое ќе се темели кон превенцијата, а не кон тули и тендери, како и изградба и реконструкција на нови 1.000 километри патишта.

Мицковски истакна дека ова не се обични избори, а какошто рече 15 јули не е обичен ден, се одлучува дали ќе се фати лево и Македонија ќе остане понижена и омаловозажена, или десно, Македонија горда, чесна. Забележа дека овој пат Мкаедонија е влогот.

– Коалицијата СДСМ, БЕСА ја има на маса договорено федерализацијата на нашата Македонија, а потоа нејзино уништување. Овде јасно и гласно да се разбереме, за да не биде предоцна после тоа. Секој оној кој ќе заокружи за Љупчо Николвски, слугата на Зоран Заев директно заокружува за уништување на Македонија, вели Мицковски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ порача дека ќе донесат и закон за проверка на имотот на политичарите, а тој ќе биде првиот кој ќе биде подложен на ветинг.

36

Носителот на листата за пратеници во ИЕ 3 на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев порача сите граѓани рано од сабајле да излезат и тоа онака референдумски. Смета дека политиките на СДСМ се веќе прочитани, а тие како ВМРО ДПМНЕ ќе работат на враќање на македонското национално достоинство, а земјоделецот да биде горд, платен и на прво место.

– Ние се обврзуваме дека во овие четири години се што е ветено ќе го испорачаме на граѓаните, знаете дека ВМРО ДПМНЕ, кога ќе земе обврска тоа го испорачува, се обврзуваме закон за потекло на имотот на сите политичари, па да видиме дали Заев има капитал од 80 или од 8 милиони евра, дали со една година министрлук може да се купуваат фабрики станови, кажете ми една работа која Љупчо Николовски го има нправено за земјоделието, тоа што една година се обиде и го оплеска, вели Јанушев.

Тој на трибината во Свети Николе порача дека сите оние кои добија 13, 15 и 18 години зтавор за тероризам, и какошто рече гинат во затворите си земаат за обврска да ја исправат таа неправда за тие луѓе.

Треба да знаете
Последни објави