Search

Мицевски: 170-те амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се реалните потреби и барања на граѓаните

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ во емисијата „Бизнис поенти“ посочи дека мафијата на власт работи само за свои интереси, и се богатат врз грбот на граѓаните, а тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи насилно и шверцерско носење на закони од страна на парламентарното мнозинство.

„Во ребалансот на буџетот поднесени се вкупно 186 амандмани. Од кои повеќе од 170 амандмани се амандмани поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Амандманите се поднесени со цел истите да бидат прифатени. Тоа се реални потреби и барања од граѓаните кои што се артикулирани на листа хартија од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски при гостувањето во емисијата „Бизнис поенти“.

Мицевски посочи дека очекува овие амандмани да бидат сериозно разгледани и прифатени од парламентарното мнозинство.

„Имаме различни амандмани од  суштински аспект, и амандмани кои што се локални кои што ги бара локалната заедница. Така, да еве би споменал од делот на образование, имаме поднесено амандман за компјутери за 40.000 деца, компјутери за наставниците во основното и средното образование. Зголемување на средствата за наставно – научно истражувачката работа, средства за обука на наставниот кадар и нивните асистенти. Во делот на животната средина субвенционирање на велосипеди, тротинети, енергетска ефикасност, да им се доделат средства на општините кои што ќе можат да ги прераспределуваат во општините со најголемо загадување. Тука се и филтри за индустриски капацитети и слични проекти“, потенцира Мицевски.

Мицевски додаде дека се поднесени и амандмани во делот на здравството, во делот на проектите за опремување на инфективните одделенија. Реконструкција и санација на повеќе здравствени домови, зголемување на бодот кај стоматолозите се дел исто така од поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во делот на земјоделието веќе не знам која година по ред го поднесуваме амандманот за издвојување на пари за интервентниот фонд во земјоделие кое што Заев го најави со Програмата во 2017-тата година. А, се уште за жал го нема. Обезбедување на средства односно пари, субвенции за оризопроизводителите, за грозјето, за јаболката, и за сите други земјоделски сектори. А, во делот на транспортот имаме проекти од рехабилитација на локални патишта, патниот правец  Кичево – Охрид, патниот правец Градско – Прилеп, реконструкција на железничкиот сообраќај. Во делот на културата зголемување на средства за археолошки ископувања, тука се Скопското, Виничкото Кале и многу други проекти кои што се вметнати во овие 170 амандмани од страна на опозицијата“, појасни Мицевски.

Мицевски во текот на емисијата се осврна и на ставот на ВМРО-ДПМНЕ за заседавање на седници онлајн.

„Нашиот став е јасен онлајн седници во оваа фаза не прифаќаме, затоа што тоа е деградација и понижување на институцијата Собрание, а пред се и деградација и замолкнување на институцијата пратеник“, истакна Мицевски.

Мицевски нагласи дека пратеникот е избран од граѓани, и негова должност е да искажува ставовите и барањата на истите тие што го избрале.

Мицевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ цело време забележува и воочува на власта дека нивните  претходни три пакети на мерки се промашени. А, тоа се забележува преку фактот што 550 милиони евра колку што требаше да се поделат на граѓаните и стопанството, се поделени само некаде околу 180 милиони евра. Односно само 33% од вкупната сума на пари предвидени со трите мерки. Ситуацијата со четвртиот пакет на мерки е иста. Се најавуваат помпезно мерките, се кажуваат високи милионски суми, но за жал тоа го нема. Реализација на тие предвидени мерки е од прилика околу 30-тина проценти. А, во однос капиталните инвестиции Македонија поради власта има поразителни податоци. Заклучно со месец август Македонија има реализација само од 125 милиони евра, или има реализација на вкупно 5% од Буџетот.

 

Треба да знаете
Последни објави