Search

Мицевски: Несреиозно е што СДСМ пред избори брза да го изгласа законот за отпис на камати

Несериозно е што СДСМ пред избори брза во Собранието да го изгласа предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, оценува Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според опозицијата, СДСМ планира да им ги прости долговите на своите градоначалници и локални директори на јавните претпријатија ширум републиката, а на штета на граганите.

„Само за потсетување, пред извесен период токму со Законот за финансиска поддршка на Единиците на локална самоуправа и единките корисници основани од ЕЛС за финансирање на доспеани а неплатени обврски на 15.11.2018 година, на 81 општина и Град Скопје кои до тој момент пријавиле неподмирени долгови им беа доделени околу 49 милиони евра, најчесто долгови кон доверители кои доаѓаа од приватниот сектор.

И покрај ваквата финансиска помош на општините во 2018 година од страна на централната власт, вкупниот износ на обврски од страна на сите општини наместо да се намалува, тој продолжува да расте, па така во четвртиот квартал од 2019 година, овие обврски на општините пораснале за дополнителни 25 отсто односно за околу 12,5 милиони евра. Интересен и поразителен е фактот што и покрај помошта од државата, сепак долговите кај 35 општини пораснале, со што кај 16 општини на крајот на 2019 година долговите пораснале за фрапантни од 200 до 470 проценети, односно обврските на овие 16 општини пораснале до приближно 6 пати“, рече Мицевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа кражба на народни пари.

Треба да знаете
Последни објави