Search

Михајловски: Државата и градот ми дадоа ветувања, но добив помош нула

Михајло Михајловски, првиот човек на актуелениот македонски ракометен првак и поранешен двократен европски шампион скопски Вардар на прес конференција зборуваше за исклучувањето на „црвено-црните“ од Лигата на шампионите. На појавувањето во јавноста откако ЕХФ се одлучи на ваков ригорозен чекор поради долговите кои останаа кон ракометари од претходниот сопственик Сергеј Самсоненко, старо-новиот газда на Вардар, Михајловски имаше разбирање за човекот на кого му го предаде клубот и под чие водство на двапати ја покоро Европа.

Михајловски го пофали рускиот бизнисмен Самсоненко за тоа што го вложил во клубот за време на својот мандат, а го потенцира немањето слух од домашните институции, кои му ветиле помош, ама го оставиле – сам.

– Самсоненко заслужува почит за петте години водење на Вардар, во кои стигна до две титули европски првак. Човекот од свои причини се повлече, а јас како долгогодишен спонзор на Вардар прифатив да се вратам и да го спасиме Вардар. Целта беше да се пласираме во Топ 16 во Европа, да освојуваме трофеи во мак-ракометот и да играме финале во СЕХА-лигата. Доведовме играчи кои беа достапни, но јас сето ова го направив во договор со највисоки владини, градски и држани институции. Јас никогаш немаше да се нафатам сам во овој предизвик бидејќи знам колку можам да обезбедам. Свесен сум дека влетавме во лошо време за државата и за клубот, пред се поради пандемијата, па енергетска и економска криза, а сега и со војната во Украина, но имам делумно оправдување за сите кои цврсто ми ветуваа дека нема да ме остават на цедило. За возврат добив помош еднаква на – нула. Верував дека тие луѓе ќе имаат своја доблест, тоа што го ветија да го реализираат и затоа сум благодарен до спонзорите кои ни помагаа во овие две години, изјави Михајловски.

 

Треба да знаете
Последни објави