Search

Михајловиќ: Се борам против болеста и сигурен сум дека ќе ја победам

Српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ нема да биде на вечерашната прослава по повод  110 годишнината на Болоња, тим кој го предводи сезонава. Одбележувањето на годишнината на Болоња ќе биде со одигрување на натпревар меѓу легените од италјанскиот тим и соодветен на шпанскиот Реал Мадрид.

Михајловиќ е на третман со хемотерапија.Непојавувањето на овој настан го искористи да се обрати преку видео порака.

-Жал ми е што нема да бидам со вас, но вчера излегов од болница и сакам да поминам малку време со моето семејство. Се надевам дека ме разбирате. Сакам да им се заблагодарам на сите, на навивачите, на клубот, за се што направивте за мене во овој период. Ми дававте енергија во овие тешки моменти. Се борам против болеста и сигурен сум дека ми оди добро и ќе ја победам оваа битка благодарение на вас и моето семејство, порача Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ се бори се леукемија која му беше дијагностицирана на 1 јули оваа година.

Треба да знаете
Последни објави