Search

Михајловиќ пред отказ во Болоња

Раководството на италијанскиот прволигаш Болоња е пред одлука предвреме да ја прекине соработката со српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ и на неговото место да го донесе италијанскиот тренер Даниеле Де Роси.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Михајловиќ е пред отказ по саботниот пораз од Интер од 6-1, и по четири кола во Серија А, Болоња остана на седум бодови, а претходно беше елиминирана и во националниот куп од второлигашот Тернана.

Доколку Де Роси го замени Михајловиќ, тоа за италијанскиот стратег ќе биде прв ангажман, откако по завршувањето на ЕУРО2020 ова лето го напушти стручниот штаб на Азурите каде беше помошник на селекторот Роберто Манчини.

Треба да знаете
Последни објави