Search

Михајловиќ по четири месеци битка ја победи леукемијата

По четиримесечна борба српскиот фудбалски стручњак, Синиша Михајловиќ ја победи болеста леукемија која му беше дијагностицирана во јули месец годинава. Михајловиќ кој на јавноста и ја соопшти совјата здравствена состојба јавно, вчера повторно излече прес-конфенреција и јавно зборуваше за се она што го поминал во изминативе четири месеци во битката со болеста, препреките и за поддршката која ја добивал од најблиските, докторите и целата фудбалска јавност.

-Четири трешки месеци се зад мене. Бев сам на болница, каде примав хемотерапија и издржав поради силниот карактер. Во моментите кога се бориш за живот потребна е голема ментална сила и стабилност. Јас сево ова го црпев од фамилијата и докторите во болницата на кои им го должам животот. Јас сум горд на момците. Без разлика каде и како ќе заврши сезоната ние се обединивме и покажавме работи кои се многу повеќе од фудбал. Никој повеќе од докторите не знаат подобро за болеста и како се третира и лекува. Уште еднаш им благодарам и им посакува се најубаво во животот. Без нив, никогаш немаше да го преживеам ова и да застанам вака пред сите вас да зборувам како победник. Последен пат овде на ова место зборував за мојата болест, а сега зборувам како сум ја пребродил болеста. – изјави Михајловиќ.

Во фазата на лекувањето на Михајловиќ му била пресадена коскена срж од доверител кој го нарече ангел чувар. Михајловиќ веројатно уште нема да ја води Болоња од клупата која во ниту еден момент не побара замена за српскиот фудбалски стручњак.

Треба да знаете
Последни објави