Search

Михајловиќ излегува од болницата на своја рака само да ја води Болоња против Лацио

Синиша Михајловиќ е подготвен на неколку часа  на своја рака да ја напушти болницата за да може да ја предводи Болоња против Лацио (15 ч.). На Синиша Михајловиќ во јули годинава му беше дијагностицирана леукемија, тој седеше на клупата на Болоња во првите два натпревари по што замина на втора фаза од лекувањето во болница во Болоња и предвидувањата беа дека ќе се врати по репрезентативната пауза.

Но, големиот борец Михајловиќ сака денеска да ја предводи екипата против за него специјален тим. Тој поголем дел од кариерата помина во Лацио (1998-2004) и е многу добар пријател со сегашниот тренер на „лацијалите“ Симоне Инзаги.

– Тој е воин кој ќе ја добие оваа битка. Често мислам на него. Кога прв пат го видов, многу ми помогна да се вклопам во тимот на Лацио и заедно бевме дел од многу победи. Се надевам дека денеска ќе можам да го прегрнам мојот пријател и воин – изјави Симоне Инзаги.

Треба да знаете
Последни објави