Search

Михајловиќ го чека отказот во Болоња !?

Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ  по дебаклот на Болоња на гостувањето кај актуелниот првак Интер (1:6) ако им се верува на медиумите ќе добие отказ иако ова беше прв пораз за негвоиот тим на стартот од сезоната по четири одиграни кола во Серија А, но ситуацијата му ја комплицира елиминација од Копа Италија од второлигашот Тернана. Болоња освои седум од можните девет бода во првите три кола.

Италијанските медиуми се категорични дека на местото на Михајловиќ ќе дојде играчката легенда на Рома, Даниеле де Роси кој веќе почна тренерска кариера, но ова ќе му биде прв самостоен ангажман. До пред два месеца, тој му беше асистент на Роберто Манчини во стручниот штаб на италијанската репрезентација, но си поднесе оставка по триумфот на Европското првенство.

Треба да знаете
Последни објави