Search

Митрески: Потребен ни е функционален Парламент и нова Влада со политички легитимитет

Со оглед на очекувањата за нов бран на вирусот наесен одговорност и обврска кон државата и граѓаните е да бидеме 100% подготвени, за успешно справување со истиот, вели Јован Митрески, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.
-Во ваква ситуација, ние за жал неколку месеци сме без активен парламент, со што сме оставени без клучниот демократски механизам. Истовремено имаме влада со ограничен мандат за организирање избори која може пошироко да дејствува само заради вонредната состојба.
Тоа не е добро ни за државата, ни за граѓаните, не е добро ни за борбата против коронавирусот,
Токму затоа, потребни ни се легитимни институции кои ќе работат со полн капацитет.
Токму затоа, потребни се избори согласно законите, односно, 22 дена по завршување на вонредната состојба или прецизно – избори на 5 јули.
Секое барање за нивно пролонгирање само ќе ја продлабочи кризата и неизвесноста. Едноставно, избори по 5 јули не се правно возможни и не се праведни кон граѓаните.
Убедени сме дека нашиот здравствен систем има план за сите можни сценарија поврзани со коронавирусот и убедени сме дека најлошото го минавме и затоа изборите треба да се одржат на 5 јули.
Не смееме ниту од правен, ниту од демократски апект да ја оставиме Владата бесконечно да биде и законодавна и извршна власт. Нам ни е потребен функционален Парламент и нова Влада со политички легитимитет. Тоа е важно за нашето здрваје, за нашата економија, но важно е и за демократијата и институциите.
Затоа, барањата за одложување на изборите за наесен се опасни и по нашето здравје, економија но и политички систем.
Изборите се целосно безбедни за здравјето на граѓаните и истите ќе се одржат согласно протоколите за заштита од коронавирусот.
За да имаме безбедни избори, но и безбедно секојдневние важно е секој од нас строго да ги почитува пропишаните мерки за носење на заштитна опрема, држење дистанца, и неогранизирање масовни собири.
Важно е и институциите да бидат поажурни и навремено да реагираат и да санкционираат секакво прекршување на мерките и задолженијата. Секој што не почитува мерките и ги прекршува, мора да се соочи со санкции.
Сите, и институцииите и граѓаните, имаме обврска најсериозно и најодговорно да ги почитуваме мерките и да направиме се сите да ги почитуваат мерките.
Само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје и ќе ја спречиме епидемијата. Само на тој начин ќе имаме безбедно секојдневие и безбеден изборен процес.
Здравјето и живеачката на луѓето се најважни и само со целосно функционални институции, со завршени избори зад нас, ќе можеме да ги реализираме мерките и политиките за рестрат на нашата економија.
Избори треба да има на 5 јули за да се обезбеди здрвјето, да се зајакне економијата, институциите да функционираат беспрекорно.
Линк до видео: https://youtu.be/CCblpUlOpMI
Треба да знаете
Последни објави