Search

Митрески: За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори

Координаторот на СДСМ, Јован Митрески изјави дека блокадите не се во духот на добрососедството, откако Бугарија ги потврди најавите дека нема да даде зелено светло за отпочнување на преговорита на С.Македонија со ЕУ.

Според Митрески за идентитетот не се разговара, а европската иднина на земјава нема алтернатива.

-За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори. Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и бараме решение со силата на аргументите. Нашиот пат е европскиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано, изјави Митрески.

Треба да знаете
Последни објави