Search

Митрески: Граѓаните на 15 јули носат одлука дали нивните пари ќе продолжат да завршуваат во нивните буџети или ќе завршуваат во Будимпешта и во белиот дворец

Целокупната политика што ја водиме подолг период е баш кохезијата на сите граѓани, токму да ја почувствуваат сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност да си ја почувствуваат државата како своја, државата да им врати на сите граѓани без разлика на етничката припадност како еднакви граѓани затоа што заедно сите имавме заеднички проблеми и во овој изминат период од 2,5 години успеавме најголем дел од нив да решиме а во следниот период само заедно, само здружени треба да гледаме напред и само заедно можеме да ги решаваме проблемите, рече носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во изборната единица 5, Јован Митревски во интервју за македонската радио телевизија.
Нашата цел и целта на сите граѓани е правна држава, законот да важи еднакво за сите затоа што ако законот важи еднакво за сите, ние ги отворивме сите институции, ги направивме отчетни пред граѓаните, за разлика од пред 3,4 години, а тоа прави еден дополнителен притисок кај функционерите да се однесуваат онака како што треба, онака како што доликува еден функционер што ја добил честа да води некоја институција, рече Митрески
Ако ги гледаме трошоците што ги гледаме во минатото и трошоците кои што се прават сега, оние непродуктивни, репрезентации, патни трошоци итн. разликата е огромна затоа што тоа е еден дополнителен притисок, истакна Митрески.
Тој нагласи дека гласањето ќе биде безбедно и ги повика граѓаните да излезат во што поголем број затоа што се носи битна одлука.
Граѓаните на 15 јули носат одлука дали сакаат нивните пари да продолжат да завршуваат во нивните буџети или да завршуваат во Будимпешта или во белиот дворец. Граѓаните носат битна одлука дали сакаат да продолжат да живеат во слобода или сакаат да се вратат во режим. Носат битна одлука дали сакаат нашата држава да продолжи по евроатланскиот пат, дали сакаат да станеме членка на ЕУ, да ги решаваме секојдневните проблеми или сакаат да застанеме и да се враќаме назад, нагласи носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во изборната единица 5, Јован Митревски во интервју за македонската радио телевизија.
Треба да знаете
Последни објави