Search

Митревски според ЕХФ е најдобриот голман на колото во ЛШ

Македонскиот ракометен репрезентативен голман, Никола Митревски, како чувар на мрежата на португалскиот Порто доби признание од ЕХФ за најдобар чувар на мрежата во 2. коло од елитното клупоско натпреаврување Лигата на шампионите.

Неговата дваесетминутна партија на голот на Порто им донесе триумф на португалците во дуелот со Фленсбург (28:27). Митрески со шест одбрани во реашвачките моменти од мечот и импресивен процент од 46 отсто успешност го понесе епитетото играч на натпреаврот. Порто губеше со 17-19 кога Митревски застана меѓу стативите, резултатот достигна и три гола во корист на Фленсбург, но македонскиот голман влезе во елемент кога беше најпотребно, во завршите пет минути, кревајќи го тимот кон конечен пресврт.

Левото крило на Фленсбург, Хампус Ване, беше најдобар на својата позиција, Ерик Јохансон од Елверум прогласен е за најдобар лев бек, во херојскиот отпор на неговата екипа против Кил. Петар Ненадиќ од Веспрем е плејмејкер на колото. И покрај тоа што Кевин Њокас постигна осум од осум за Вардар, сепак Алекс Душебаев (Кјелце) е најдобар десен бек, а идеалните седум ги дополнуваат Марио Шоштариќ (Пик Сегед) како десно крило и Седрик Сорендо (Динамо Букурешт) како пивот.

Видеото со седуммината најдобри за ова коло, подготвен од ЕХФ, можете да го проследите на овој линк.

Треба да знаете
Последни објави