Search

Митревски продолжува со Порто до 2024 година

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Никола Митревски останува во португалскиот Порто до 2024 година. Митревски потпиша нов двегодишен договор со Порто, т со кого од доаѓањето во 2020 годоина освои по две шампински титули, суперкупови и купови.  Митревски сезонава еден од најдобрите голмани на Стариот континент и клучен за пласманот во осминафиналето на Порто во Лигата на шампионите, по што си ја заслужи номинацијата за голман на сезоната.

-Секогаш е задоволство да се биде дел од Порто, а јас сум многу среќен што го продолжив договорот. Задоволен сум како изминаа овие две години, благодарност до навивачите, зашто освоивме сѐ, загубивме само еден меч, двапати ја поминуваме групата… Сон е за секој да играме на фајнлфор во ЛШ, растеме постојано како тим, победуваме против врвни екипи и со малку среќа можеме да напишеме историја, да играме четвртфинале, Ф4“, рече Митревски.

Митревски е поранешен голман на македонскиуте лигаши Пелистер, Вардар, Металург, бранеше и за португалската Бенфика, романска Доброгеа Суд.

Треба да знаете
Последни објави