Search

Митревски пред дуелот со Севехоф: Нема да се предадеме, ќе излеземе да се бориме за секоја топка

Ракометарите на Еурофарм Работник претпоследниот домашен натпревар во групата Ц на Лигата на шампионите го играат во недела против Савехоф.

Овој дуел е можност да се прекине серијата на неуспеси и да се израдува на вториот триумф.

Голамнот Никола Митревски на пресот пред мечот изјави дека битолчани нема да се предадат и дека ќе се борат за секоја топка и покрај фаворитската улога на шведскиот тим.

– Сметам дека Савехоф доаѓа со блага фаворитска улога. Причината не е што се поквалителни, туку тоа што ние сме преполни со повредени ракометари и тоа веќе подолг период. Имаме многу рековалесценти, незаздравени ракометари, како на натпреварите, така и на тренинзите. Се забележува дефицитот во одбраната, немаме ротација и на тоа се должат убедливите 2-3 порази минатиот месец. Нема да се предадеме, ќе излеземе да се бориме за секоја топка, да дадеме свој максимум и конечно пак да ја израдуваме битолската публика, изјави Митревски.

Натпреварот Еурофарм Работник – Савехоф се игра в недела од 17:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави