Search

Митревски немаше ден, па Кјелце лесо ги освои бодовите од пресметката со Порто

Порто на македонскиот репрезентативен ракометен голман Никола Митревски е поразен во 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите од полскиот Кјелце (39:33). Митревски имаше слаба вечер, одбрани само два шута. Полскиот тим ја искористи предноста на домашниот терен за сигурна победа. По првото полувреме имаше предност од четири гола (21:17), додека по 15-тина минути игра во вториот дел таа се зголеми на шест гола (27:21) и рутински го приведе мечот до крајот за сигурна победа.

Пик Сегед успеа да остане непоразен на гостувањето кај Кил (32:32). Германскиот тим по првото полувреме имаше предност од три гола (17:14) и со идентична предност влезе во финишот од натпреварот (32:29) и кога сите помислија дека „зебрите“ ќе запишат два бода на своето конто, ракометарите на Пик Сегед со голот на Банхиди и двата на Шоштарќ успеаја да го избегнат поразот. Екипата на Елверум ја оправда фаворитската улога и со 30:25 го совлада ППД Загреб.

Треба да знаете
Последни објави