Search

Митревски негативен на ковид-19, чека дозвола од ЕХФ за пат за Дебрецин

Европското првенство во ракомет ќе биде преполно со перипетии, чести тестирања и неизвесност до последен момент. Никола Митревски, кој беше позитивцен на десетти јануари на претпоследното тестирање во Скопје, денес е негативен на ковид-19.

Македонскиот репрезентативен голман направил неколку брзи антигени тестови и еден ПЦР тест и сите биле негативни. Следи одлука на Европската ракометна федерација (ЕХФ), која треба да даде дозвола за побрзо излегување од редовните пет дена изолација.

Митревски ќе го пропушти натпреварот против Словенија, но ако добие дозвола веднаш би тргнал за Дебрецин и може да биде во конкуренција за дуелот со Црна Гора во сабота.

Слична ситуација ги очекува и Ојлески, Кизиќ, Младеновиќ и кондициониот тренер Баснарков, кои се борат со негативните тестови и со времето да бидат со репрезентацијата за саботниот натпревар против Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави