Search

Митовски: Имаме програма и проекти за уште позасилен развој на Крива Паланка, граѓаните ќе го одберат Најдоброто

Да ја сакаш својата општина значи да сакаш да ја видиш како најдобра верзија не само за себе туку и за другите, да ја сакаш значи ќе работиш за да овозможиш секој поединец да го има она што му е најпотребно – работа, просперитет и среќа, а токму ова го овозможуваат СДСМ и коалицијата, со најдобрата кадровска и програмска понуда за секој граѓанин, истакна во своето обраќање кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Крива Паланка Сашко Митовски.
Тој истакна дека Крива Паланка денес е поубава, изградена, модернзирана, зајакната, повеќе патно поврзана буквално со секој крај споредено со периодот од пред 4 години, и најави дека ќе се продолжи со градење улици, канализации, детски паркови, училишта, градинки, спортски терени, за Крива Паланка да биде место во живеат и работат среќни луѓе.
И сите вие знаете како работи СДСМ- ако овој регион беше запоставен и заборавен, сега, по речиси половина век се гради во Крива Паланка и околината како никогаш досега, истакна Митовски, издвојувајќи го експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, кој се гради во полн ек, рехабилитација на над 50 километри регионални патишта и околу 40 километри магистрални патни правци, изградени локални патишта, реконструкција на над 20 улици, регулација на Крива Река,уредени  спортски објекти, нови спортски содржини и рекреативни патеки, водоводна мрежа и системи за водоснабдување, канализациони мрежи,  нови тротоари, возила за локалните институции, обнова на училишта, на културните институции.
Митовски му се заблагодари на досегашниот градоначалник на Крива Паланка Борјанчо Мицевски и општинската администрација за вложениот труд и ја презентираше својата визија за општината во наредните четири години.
Mojaта визија за општината е атрактивна  туристичка  дестинација, со искористени природни ресурси, урбана, чиста и зелена општина, економски  развиена со плански уредена инфраструктура, со добро организирани  локални  институции, стручна и ефикасна администрација, која ќе обезбеди навремена  испорака  на  услуги  кон  граѓаните, истакна Митовски.
Како приорити од својата програма Митовски ги издвои, регулирањето и решавањето на метежот во централното подрачје со изградба на нови паркинг места и катна гаража, изградба на модерен турискичко рекреативен центар „Калин Камен”, регулација на Дурачка река со изградба на пристапен пат, гасификација на општината, модернизација и реорганизација на ЈП Коминалец.
Младите се јадро што ја креира заедницата, а СДСМ и коалицијата нудат проекти и поддршка на младите, порача Митовски и најави грантови за иноватори од 120.000 денари, субвенционирање млади невработени лица и студенти за користење на спортските објекти, буџет за млади, како и субвенции за купување дигитални уреди за основци, средношколци и студенти.
Ако зборуваме за најдоброто за Крива Паланка, се разбира дека изборот е потврден,  најдоброто за Крива Паланка доаѓа со СДСМ и коалицијата – за само 5 дена, со глас за бројот 12, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Крива Паланка Сашо Митовски.
Треба да знаете
Последни објави