Search

Митева: Општина Виница креира буџет согласно барањата и потребите на граѓаните, огромен е одзивот на граѓаните на проектот„Твојата идеја за промени”, продолжуваме и утре и следниот викенд

Денес бев во Виница со Миле Петков – Градоначалник на Општина Виница и сум особено горда што можев да видам огромен одзив на граѓани кои се приклучуваат на оваа иницијатива за заедничко креирање на буџетите на општините за 2023 година.
И факт е дека се започнува од идеја!
Преку проектот „Твојата идеја за промени” се нуди можност на граѓаните да ги предложат своите идеи и проекти кои би сакале да се реализираат, се со цел заеднички да се планира развојот на општините.
Дозволете вашите идеи да ги направиме реалност, мора да дејствуваме, да се прилагодуваме и да учиме секојдневно.
Не е важно само да имаме идеи, туку да ги изразиме, да ги споделиме и да ги спроведеме – тоа е она што прави разлика.
Способноста да се претворат идеите во работа е тајната на нашиот заеднички успех! Општините креираат буџети согласно потребите и приоритетите на граѓаните. Овој и следниот викенд, посетете ја Општина Виница, предожете ја вашата идеја за промена!
Да креираме Буџети од народот за народот.
БИДИ ДЕЛ ОД ПРОМЕНИТЕ ШТО НОСАТ ИДНИНА!
Треба да знаете
Последни објави