Search

Митаракис: Имаме за цел да ги ублажиме последиците од мигрантската криза врз локалното население

Затворените центри на островите ќе имаат за цел да ги разгледаат прашањата за азил, а потоа оние кои имаат право на меѓународна заштита да се пренесат во внатрешноста на земјата, а оние кои немаат право да се враќаат во Турција, рече министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис од грчкиот остров Самос и истакна дека позицијата на владата останува непроменета, на островите повеќе да нема мигранти кои ќе живеат таму, јави дописничката на МИА од Атина

Митаракис на грчкиот остров се сретна со заменикот префект на Самос и со градоначалниците, а учествуваше и на вонредниот општински совет на за да разговараат за мигрантската криза.

-Министерството за миграција и азил има два главни приоритети: да придонесе во

забрзување на процесот на азил и враќање на оние кои немаат право на меѓународна заштита и во намалувањето на миграциските бранови, што е наша важна цел во 2020 година. Исто така наша цел е да ги ублажиме последиците од кризата врз локалните заедници. Разговаравме за потребата, центарот што се гради на Самос да функционира безбедно и за оние кои престојуваат во него, но и за жителите на островот, рече Митаракис.

Тој додаде дека на островот Кос од вчера се спроведува новиот процес за азил,според кој сите оние кои пристигнуваат се затворени 25 денови додека да заврши процедурата.

Треба да знаете
Последни објави