Search

Митаракис во посета на Лезбос и Самос

Двата грчки острови Лезбос и Самос што се најпогодени од бегалското/ мигрантското прашање, ги посети новиот министер за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис и порача дека приоритет на Владата е контрола и намалување на мигрантските бранови, како и враќање на мигранти во Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Митаракис рече дека целта на посетата на двата острови е да разговара со локалното население, но и со локалните власти за справување со мигрантската криза.

-Нашата примарна цел во овој момент е ограничување на брановите. Она што е потребно е најпрво зајакнување на граничната стража, но главно забрзување на процесот на азил и враќање во Турција. Почнуваме да ги враќаме оние кои немаат право на меѓународна заштита. За нас, ова е клучна точка на планот. Заедно со новите затворени центри кои што се неопходни за правилно спроведување на новиот процес за азил што владата на Мицотакис го донесе со закон и веќе е во сила од 1 јануари 2020 година, рече Митаракис од Лезбос, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во однос на реакциите на жителите на островите, особено за најавените протести и генерален штрајк во среда, надлежниот министер вели дека го почитува правото на граѓаните да реагираат, „бидејќи навистина е тешка ситуацијата”.

Треба да знаете
Последни објави