Search

Мис Универзум 2018 е Филипинката Катриона Греј

Филипинката Катриона Греј синоќа беше крунисана за Мис Универзум 2018 на изборот што се одржа во Бангкок, Тајланд.

Катриона стана четврта Филипинка која ја освоила оваа титула, откако ги победи останатите учеснички од 93 земји.

24-годишната убавица носеше впечатлив црвен фустан за кој објасни дека е инспириран од вулканот на Филипините.

„Кога имав 13 години, мајка ми сонуваше дека ќе ја освојам титулата Мис Универзум облечена во црвен фустан. Кога ја видов по прогласувањето, и двете плачевме“, изјави Греј.

На второ место е Тамарин Грин од Јужна Африка, а на трето место Стефани Гутиерез од Венецуела.

„Катриона е четврта Филипинка која ја освоила титулата и сите на Филипините сме горди на неа и нејзината убавина, самодоверба, нежност и интелигенција. Горди сме и на нејзината сила со која се носи против тешките предизвици. Таа успеа да му покаже на целиот свет дека жените од Филипините знаат и можат да ги претворат соништата во реалност со страст, одлучност и напорна работа“, рече претседателот на Филипините Родриго Дутерте.

Треба да знаете
Последни објави