Search

Мистерија која морето веќе 30 години ја исфрла на брегот

Ширум францускиот брег, повеќе од 30 години се случува една необична појава – морето постојано исфрла пластични телефони во облик на Гарфилд на брегот.

Како што пишува француски портал, ретро телефоните во облик на Гарфилд, стрип-мачката од 1978 година, повторно се пронајдени на повеќе плажи на брегот од северозападна Франција.

Телефоните со големина од околу 30 центиметри кои се направени од тврда портокалова пластика, популарните т.н. “банани”, веќе последните 30 години се појавуваат на овие плажи.

Надлежните велат дека само минатата година, морето исфрлило над 200 примероци од ваквите телефони, кои воглавно се појавуваат во радиус од 24 километри.

“Никогаш не престанува. Со секое чистење на плажите, ние пронаоѓаме три-четири телефони или нивни делови. Нивната состојба е неверојатна, толку се зачувани што дури ни бојата не е оштетена”, вели  претседателка на организација, која прва го пријавила необичниот проблем во овој дел на Франција.

Се претпоставува дека телефоните кои беа популарни во осумдесеттите потекнуваат од товарен брод кој потонал уште во минатиот век, во блискиот залив Брест. Уште поинтересно е тоа што компанијата која ја поседува лиценцата за производство на ваквите телефони не знае ништо за случајот, па се претпоставува дека телефоните можеби се и копии кои несреќно завршиле во морето.

Дотогаш, телефоните во облик на Гарфилд станаа мотив за жителите на околните градови редовно да доаѓаат и да ги чистат плажите бидејќи пронаоѓањето на ваков телефон, тие го сметаат за пронаоѓање на вистинско богатство.

Треба да знаете
Последни објави